Директорката на Заводот за здравствена заштита на студентите во Белград, Марија Обрадовиќ, изјави дека, според нејзините информации, 210 студенти во моментов се позитивни за коронавирус. Според неа, четвртина од заразените се од студентски домови.

Обрадовиќ, исто така, изјави дека се очекува резултат за уште 50 студенти кои биле тестирани за време на викендот.

– Секој ден се појавуваат сè повеќе студенти со респираторни проблеми – рече Обрадовиќ.

Таа изјави дека околу 120.000 млади учат во Белград, дека повеќе од половина се од внатрешноста, а околу 50.000 се од Белград.

Во студентската поликлиника секојдневно се јавуваат од 100 до 150 студенти за преглед и има околу 50 повици поврзани со респираторни инфекции. Одреден број студенти не знаат каде се заразиле, многумина се заразиле на прослави и собири и нема инфекција што потекнува од некој студентски ресторан или клуб.