Во Албанија за 24 часа се регистрирани 53 новозаразени со ковид-19.

Како што информираат властите во земјата 12 пациенти оздравеле, а еден починал.

Од почетокот на пандемијата, позитивни се 1.891 лица, заздравеле 1.126, а починале 43 луѓе.

Во моментов во Албанија има 722 активни случаи на ковид-19.