Од понеделник со специјална дозвола, само еден член од семејството ќе може да излегува по еден час со цел да ги набави потребните продукти, одлучи владата во Албанија.

Истовремено, се воведува и целосен карантин за пензионерите и повозрасните лица.

Премиерот Еди Рама соопшти дека освен оние што мора да одат на работа, од понеделник никој нема да излегува од дома и да пазари без дозвола, која ќе се добива по електронски пат. Тој рече дека пензионерите што ќе аплицираат ќе бидат одбиени бидејќи се најзагрозена категорија.

Во Албанија досега од коронавирус заразени се 186 лица, 31 е излекуван, а 8 починати.