Во Албанија денеска почна вакцинацијата на полициските службеници и припадниците на Националната гарда.

Во стадионот „Air Albania“ каде се одвива имунизацијата за Тирана, одблиску истата ја следеа премиерот Еди Рама, министерката за здравство Огерта Манастирлиу и генералниот директор на полицијата, Арди Велиу.

Вакцинацијата на полицајците е во тек и на целата територија на земјата, кои ја добиваат првата доза од кинеската вакцина Синовак.

– Национална арена – започнува вакцинирањето на сините униформи низ цела Албанија. Прочитав напис во „Њујорк Тајмс“ во кој се наведува дека вакцината Синовак е прва во ефикасноста – напиша Рама на социјалните мрежи.