На Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна жена заразена од ковид-19.

Со тоа, бројот на починатите во Албанија се зголеми на девет лица.

Според официјални податоци досега во Албанија заразени се 186 лица, од кои четири се деца. Излекуван е 31 пациент.