Во болницата Касиндо-Лукавица во Источно Сараево вчера почина З.Ц. член на вооружените сили на Босна и Херцеговинакако последица на ковид-19, соопшти тамошното Министерството за одбрана.

Починатиот бил дел од Оперативната команда на Бригадата на воздухопловните сили во касарната „Рајловац“. Ова е втор член на вооружените сили на БиХ, кој починал како резултат на инфекција со вирусот ковид-19.

До 6 јули 2020 година, вкупно 33 лица биле заразени во вооружените сили на БиХ од почетокот на пандемијата, од кои двајца починале, 11 се опоравиле, а 20 се водат како заразени.

Во согласност со ситуацијата низ целата земја, регионот и пошироко, Министерството за одбрана и вооружените сили на БиХ преземаат мерки за заштита од пандемијата, а во моментов се ангажираат ресурси за да им помогнат на цивилните структури во ублажување на ефектите од ковид-19 на 11 локации.