За време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 Македонци, објави РТС. Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.

Македонските државјани може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.