надмина пет милиони

Првaта количина на вакцината против ковид-19, во Србија ќе пристигне до крајот на годината, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека ќе пристигнат две, а можеби и три вакцини.

Кога точно ќе започне вакцинацијата, дали веднаш на почетокот на идната година, ќе зависи од експертите и нивните проценки, рече Вучиќ и додаде дека може да се случи веќе во јануари.

– Ќе имаме две вакцини, а јас се надевам и три – изјави Вучиќ и додаде дека тоа ќе покаже дека Србија е меѓу земјите кои најдобро се однесувале за време на пандемијата.

Според него, вакцините на „Фајзер“ се веќе нарачани, а Србија ќе биде меѓу ретките земји што ќе ги примат тие вакцини до крајот на годината.

– Ќе видиме како ќе тече работата. Веруваме дека голем дел од вакцините ќе пристигнат во јануари и февруари. Ќе има околу 340.000 вакцини, што е за 170.000 луѓе – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека руската вакцина сега се тестира во Србија, а како што додаде, се чека регистрација на вакцината во Кина.

Вучиќ рече дека има разговори со компанијата „Модерна“, која може да ја испорача вакцината дури на крајот на следната година, и дека ќе разговараат и со компанијата „Џонсон и Џонсон“.

– Ќе се обидеме да им ги понудиме на луѓето во Србија сите видови вакцини, па нека изберат, што мислам дека е фер. Мислам дека секоја вакцина е добра – рече Вучиќ.

На прашањето за бројот на ново заразени лица, односно за падот на бројот на нови пациенти, Вучиќ рече дека денес во 10 часот бројот е подобар отколку истиот ден минатата недела.

– Но, нашите болници се полни. 9.400 луѓе се хоспитализирани – рече Вучиќ, додавајќи дека не верува дека ќе има голем прилив на српски граѓани за време на празниците, бидејќи многумина се свесни дека во тек е пандемија.