Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за РТС изјави дека бројот на вакцинирани лица се приближува до 1,6 милиони.

Брнабиќ посочи дека 95 проценти од регистрираните од приоритетните групи се вакцинирани и ги повика граѓаните од сите возрасти да аплицираат за вакцинација.

– Утре очекуваме уште 500.000 дози од вакцина на ‘Синофарм’, а нов контингент на вакцината на ‘Фајзер’ се очекува в понеделник – рече Брнабиќ, најавувајќи дополнителна испорака и на руската вакцина „спутник В“.

– Вакцините ќе бидат доволни, ова е вистинскиот начин да се бориме против коронавирусот – рече Брнабиќ.

Таа предупреди на зголемување на бројот на заболени по примање на првата доза на вакцината, наведувајќи дека тоа е последица на опуштање и игнорирање на мерките, повикувајќи да се почитува епидемиолошката дисциплина по првата вакцинација и најмалку дваесет дена по примање на втората доза.