Бугарските здравствени власти објавија дека во последните 24 часа во земјата се потврдени 695 нови случаи на ковид-19 од 13.583 тестирани примероци.

Стапката на позитивни е 5,1, јавува агенцијата БТА. Во моментов има 25.012 активни случаи на коронавирус во Бугарија, а 2.848 пациенти се во болница, од кои 261 се на интензивна нега.

Во последните 24 часа починаа 35 лица заразени со коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.008.