Бугарија ќе нарача дополнителни три милиони вакцини, објавил денеска министерот за здравство, Костадин Ангелов, на владина седница, пренесува „Танјуг“.

Станува збор за 2.897.694 дози на „Фајзер“ и 460.000 дози од „Модерна“, а Ангелов рече дека е можна дополнителна набавка на вакцини по состанокот на Управниот совет формиран од Европската комисија и дополнителниот договор за вакцини склучен меѓу ЕК и производителот„Фајзер“.

– Ова ќе ѝ обезбеди на Бугарија доволно вакцини, така што граѓаните ќе може да изберат која вакцина ќе ја примат, а целта е да се постигне колективен имунитет – рече Ангелов.

Премиерот Борисов потсети дека Бугарија досега обезбедила милиони вакцини и дека ќе бидат обезбедени дополнителни средства со цел вакцинацијата да се врши според планот.