Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 23 заразени од новиот коронавирус, со што бројот на заразени лица достигна 243.

Венцислав Мутафџиски, началник на Оперативниот штаб за справување со ковид-19 предложи продолжување на вонредните мерки до 12 април.

Бугарија размислува и за мерката карантин за секој кој пристигнува од странство, пренесе „БГНЕС“.

Од заразените лица, четири лица се во критична состојба, а состојбата на еден од пациентите е многу сериозна.

Во текот на вчерашниот ден биле тестирани 350 лица.