Бугарија, во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот, ќе ги продолжи епидемиолошките вонредни мерки до крајот на јуни кога беше забележан пораст на нови случаи.

Премиерот Бојко Борисов рече дека владата засега не планира да воведе нови рестриктивни мерки, но тој апелира до луѓето да го запазуваат физичкото растојание.

Досега во Бугарија се регистрирани 2.889 случаи на коронавирус и 167 починати. Во текот на последните 24 часа евидентирани се 79 новозаразени со Ковид-19.

Земјата веќе воведе ублажувања на некои од построгите заштитни мерки, па така сега е дозволена работа на рестораните и трговските центри, пренесува агенцијата „Ројтерс“.