Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за борба против коронaвирусот, кои почнуваат в петок во 17 часот, а завршуваат во понеделеник во 5 наутро.

Брнабиќ за ТВ „Прва“ изјави дека со воведување полициски час во текот на викендот Србија се обидува да излезе од својата петта недела од борбата против вирусот, откако се покажа дека е проблем за време на викендите, бидејќи луѓето се социјализираат и ги игнорираат мерките за социјална оддалеченост.

– Сега е крајот на петтата недела, здравствениот систем е на нозе – рече Брнабиќ, најавувајќи дека уште неколку болници во Србија ќе бидат трансформирани во т.н. ковид-болници. Таа рече дека експертите препорачуваат прекинување на социјалните контакти за да се спречи преносот на вирусот, но се обидува да се избегне 24-часовен карантин, а ограничувањето за време на викендот е „чекор помеѓу“.

Брнабиќ ја најави како опција изолацијата на градовите кои се во фокусот на епидемијата, како што се Белград, Ниш, Нови Пазар, Ваjeево и Куприја, и препорача дека е можно затворање на големите компании за седум или 14 дена.

Според нејзината проценка, Србија е близу до „почетокот на крајот“ на епидемијата, но тоа е можно само со „железна дисциплина“ и некои дополнителни рестриктивни мерки.