Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на заразени. Таа додаде дека Србија продолжува со вакцинацијата и е прва по бројот на лица кои примиле по две дози.

– Опуштени сме. Она што се случува се случува и во Израел. Луѓето се опуштија и мислат дека е готово. Апелираме до сите да станат сериозни и да вложат последни напори за да бидат безбедни – рече Брнабиќ.

Таа, исто така, посочи дека мерките за викенд се заострени како потсетник на граѓаните дека треба да станат сериозни.

Во Србија во последните два дена се потврдени по над 3.000 нови случаи на коронавирус.