Три случаи со новиот британски вид коронавирус се регистрирани во Косово, потврди денеска министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, објави „Коссев“.

Косовскиот институт за јавно здравје претходно испратил 30 примероци од коронавирус на тестирање до Институтот во Берлин, Германија, за да утврди дали новиот вид е присутен во Косово.

– Врз основа на резултатите од анализата во Берлин, три примероци беа позитивни на прелиминарниот тест, како SARS-CoV-2 вирус B.1.1.7 – рече Земај на прес-конференција потсетувајќи дека Косово претходно го прекина воздушниот сообраќај кон Велика Британија.