За да покажеме братска солидарност, ќе испратиме 5.000 дози вакцини во Македонија, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

– Ова ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето – гест на солидарност, иако тие сакаат да нè навредуваат – рече Борисов.

Борисов најави дека во Бугарија следната недела ќе пристигнат над 200.000 дози вакцини, но верува дека во текот на април во Бугарија ќе пристигнат  1 милион дози вакцини.

За време на последната достава на вакцини, 16.800 дози од  Астра Зенека пристигнаа во Бугарија.

Според последните податоци, 430.228 се вкупните дози на вакцини против коронавирус кои пристигнале во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.