Речиси нема место во Србија каде што не расте бројот на заразени лица со коронавирус. Според последните податоци, вкупниот број регистрирани случаи на коронавирус во Србија е 18.360, а тестирани се 491.428 лица. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 393 смртни случаи.

Поради тоа што се целосно исполнети капацитетите на белградските болници, медиумите јавуваат дека од денеска и Институтот за ревматологија за првпат ќе биде вклучен во ковид-системот.

Според вчерашните податоци, 287 нови случаи на коронавирус биле регистрирани во Србија, додека 11 лица починале.

Белградските болници со денови се преполни. Толпа граѓани и по неколку часа секојдневно чекаат пред ковид-амбулантата, се наведува на сајтот на РТС.