Покраинскиот секретар на Војводина за здравство, Зоран Гојковиќ, изјави дека здравствените установи во Нови Сад се полни и дека постојано се регистрираат зголемен број на заразени со коронавирус.

– Сè уште не гледаме тренд на намалување на бројот на нови случаи. Здравствените установи во Нови Сад се преполни, Клиничкиот центар на Војводина всушност работи во четири ковид згради, со пет единици за интензивна нега. Од петок и воената болница во Петроварадин ќе прими пациенти – посочи Гојковиќ.