Првата достава на вакцини од програмата „Ковакс“ во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Официјално е потврдено дека ќе пристигнат 23.400 дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

На 2 март, Србија ѝ даде на БиХ 10.000 вакцини од „Астра зенека“.