Албанија ја води борбата против коронавирусот користејќи беспилотни летала.

Албанија е под карантин од 15 март, а за да го контролира неговото спроведување, употребува беспилотни летала што претходно ловеа полиња за канабис и возачи кои ја надминуваат брзината.

– Технологијата ни помага многу во идентификувањето на луѓето кои го прекршуваат карантинот. Имаме одлични резултати  – рече 23-годишната полицајка, Катерина Монгули, која управува еден од 20-те беспилотни летала во албанската престолнина.

Претходно во текот на денот, таа преку разглас од нејзиното летало ги предупредуваше луѓето пред продавницата да држат поголемо растојание.

– Мора да имаме на ум дека ситуацијата е тешка и сите треба да придонесеме – вели 31-годишниот Таулант Нукај, вработен во маркетинг, кој работи од дома веќе еден месец.

Во Албанија има 518 потврдени случаи со 26 смртни случаи, при што само мал дел од 2,8 милиони жители биле фатени додека ги кршат правилата.

Полицијата суспендираше околу илјада возачи, а околу седум илјади лица се казнети, открива портпаролот на полицијата.