Патниците од Македонија и од Грција од денеска ќе мора да седат во карантин во траење од 14 дена по влез во Албанија.

– Ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е една ситуација што не е иста како во нашата земја. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите – рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Мерката ќе биде на сила до 3 мај.

Според најавите, во следните денови во Албанија ќе пристигнат 200.000 дози вакцини.