Со воведената задолжителна вакцинација за вработените во јавните и во приватните установи за грижа на лица во Грција, се зголемил и бројот на имунизации. Во јули, во приватните домови за стари лица и центрите за лица со инвалидитет, биле вакцинирани 62 отсто од вработените, а сега се над 85 проценти. Зголемување, и тоа двојно има и во јавните установи за истата намена, каде што од 45 проценти вакцинирани минатиот месец, сега се имунизирани 90 отсто од вработените.

Невацинираните работници во Грција од јавниот и од приватниот сектор ќе мора да се тестираат најмалку еднаш неделно на ковид на свој трошок.
– Тое е начинот на кој ќе функционираат економијата и општеството во Грција во следниот период и рестрикциите што, најверојатно, ќе важат само за невакцинираните – изјави портпаролот на Владата Јанис Иконому.

Во саботата во Црна Гора се регистрирани 598 новозаболени од коронавирусот, а тестирани биле 4.846 граѓани. Од ковид-19 починале три лица. Институтот за јавно здравје во Подгорица соопштил дека од инфицираните 535 се граѓани на Црна Гора, а 63 лица се туристи.

Во Србија последните 24 часа се тестирани 11.521 граѓани, од нив 1.510 лица добиле позитивен тест на коронавирусот. Во болниците низ Србија починале 11 лица.
Во Хрватска, идентификувани се 505 нови случаи на инфекција со коронавирусот меѓу 9.998 тестирани лица, а три лица починале, соопшти Штабот за цивилна заштита.