Група австриски туристи за време на летниот одмор во Хрватска се заразиле со коронавирус. Шест члена од групата со 11 туристи од Долна Австрија биле позитивни на тестовите за коронавирус при нивното враќање во Австрија.

Според најавата на градот Баден, поради заразените туристи, по утврдувањето на нивните контакти, уште 21 лице биле сместени во куќен карантин. Се претпоставува дека туристите се заразиле на островот Паг. Двајца од шетмината заразени имале симптоми на болеста.