Црна Гора одбила донација од 10.000 кинески вакцини

215

Црногорската влада одбила донација од 10.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а опозицијата ја нарече владината одлука политички мотивирана.

Во Црна Гора сè уште не е започната вакцинација против коронавирус.

Владата, како што беше соопштено, ја одбила донацијата затоа што веќе било договорено секоја набавка на вакцини да минува низ директен контакт со производителите, односно со земјите од каде доаѓаат вакцините.

– Секој друг вид набавка на вакцина или донација или кој било друг вид на снабдување, бара дополнителна проверка, односно посебна претпазливост – рече министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Инаку, како што пренесуваат регионалните медиуми, донацијата била понудена од сопственикот на „Адриатик пропертис“ и „Универзал капитал банк“, Петрос Статис.