Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени

311

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19.

Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран рекорден број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.088 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирус, досега се евидентирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 заздравеле. Вчера Хрватска имаше регистрирано 116 случаи на новозаболени.

Здравствените власти во Босна и Херцеговина јавија за рекордни 316 случаи на заразени, што е зголемување во споредба со еден ден порано, кога беа регистрирани 310 новозаболени.

Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со ковид-19 во Албанија.

– Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови – велат од албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Состојбата со денови е алармантна и во Србија каде пред два дена имаше 266 новозаразени, а денес бројката изнесува 345.