Хотелиерите во Турција известиле дека ќе ги бркаат настинатите гости

220

Турските хотелиери ги известиле српските агенции дека ќе ги исфрлаат од објектите сите настинати гости. Српските туроператори како аванс, само во Грција испратиле 4,5 милиони евра, пренесе српски „Курир“.

Дали одморот ќе трае месец дена, две недели на море и две во карантин? Ова прашање го поставуваат сите кои веќе уплатиле или сакаат да одат на одмор. Од омилените дестинации пристигнуваат различни одговори.

Додека грчките туристички работници најавија дека летувалиштата ќе бидат отворени првин за гости од Балканот, турските хотелиери размислуваат на различен начин.

Рецепционерот на хотелот има право доколку се посомнева на гостин со коронавирус, да повика доктор и после прегледот, со маска итно да го отпрати во болница.

Вакво соопштение нималку не асоцира на одмор, но неколку турски хотелиери минативе денови го испратиле до нивните партнери во Србија. Поточно, го добиле туристичките агенции кои уште минатата година им испратиле аванс за летото 2020 година, пари кои турските хотелиери немаат намера да ги вратат.