Турција од 1 јуни ги отвора рестораните, парковите и спортските објекти

40

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека од 1 јуни ќе бидат дозволени меѓуградски патувања како и дека ќе бидат отворени рестораните, парковите, спортските објекти…

Оваа одлука е во рамки на ублажување на мерките кои се воведени поради пандемијата на коронавирус.

Ердоган рекол дека и понатаму на сила остануваат ограничувањата за движење на лицата постари од 65 години и лицата помлади од 18 години.

Во Турција се потврдени речиси 160.000 случаи на Ковид-19 и повеќе од 4.300 смртни случаи.