Србија ќе ги зајакнува контролите за заразените што се во домашна изолација

40

Полицијата, во соработка со санитарната инспекција, ќе контролира дали заразените пациенти без симптоми, кои се лекуваат дома, ја почитуваат мерката за самоизолација. Ние мора да вратиме сè што направивме порано, а тоа е телефонска контрола и казнување, рече српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, пред новинарите во Белград.

Заразените лица кои немаат никакви симптоми на болеста се испраќаат на домашна изолација. Епидемиологот Радован Шеканац посочи утрово дека голем проблем се заразените пациенти кои се на домашно лекување и кои не ја почитуваат мерката на самоизолација, ја напуштаат куќата и шетаат низ градот затоа што немаат никакви симптоми.