Србија воведува ПЦР-тест и карантин за странците?

181

Србија во текот на оваа недела веројатно ќе воведе задолжителен ПЦР-тест и 14-дневен карантин за странците кои доаѓаат од одредени земји, пишуваат дел од српските медиуми.

Кризниот штаб за борба против коронавирусот тврди за порталот „Телеграф“ дека списокот на земји за кои ќе се воведе карантин сè уште не е составен.

– Неопходно е да се разгледа епидемиолошката состојба во секоја од нив, а потоа ќе се донесе одлука врз основа на тоа – велат од штабот.