Словенија чека насоки од ЕУ за туристичките патувања на граѓаните

126

Словенија за евентуално патување на граѓаните на годишни одмори во странство ќе чека препораки од Европската комисија и ќе донесе одлука врз основа на состојбата во секоја земја, објавија властите.

Европската комисија соопшти дека наскоро ќе донесе насоки за привремените рестрикции на граничните премини, наметнати за спречување на епидемијата на коронавирус, но одлуката за тоа најпосле ја носат земјите-членки самостојно.

Словенечкиот владин портпарол, Јелко Кацин, на прес-конференција предупреди дека Словенија граничи со некои европски жаришта на инфекција, така што согласно проценките ќе биде донесена оценка за безбедноста за патувањето во овие земји.

Тој кажа оти владата размислува за постепено олеснување на мерките, но рано е да се зборува за повторно отворање на училиштата и градинките и одржување спортски настани, концерти и други масовни собири.

Во Словенија има вкупно 1.220 заразени и 56 мртви.