Словенија започна национално тестирање за коронавирус

97

Словенија започна пробно тестирање на поширок национален примерок што треба да даде проценка за вкупно заразените со коронавирус досега, што би било основа за утврдување на обемот на епидемијата и можноста за обнова на економијата и на социјалниот живот.
       
Како што рече Мирослав Петровец, од Институтот за микробиологија на Медицинскиот факултет во Љубљана, тестирањето ќе го вршат десет мобилни тимови секој ден до крајот на неделава, кои ќе земат примероци од брисеви и примероци од крв.
        
На тестирањето се повикани над три илјади луѓе од триста краеви ширум Словенија, и се претпоставка дека најмалку 1.500 ќе се согласат на тестот, а резултатите ќе бидат познати до средината на следната недела.
        
Ваквите тестови ќе дадат одговор и за тоа колку во Словенија има, во просек, лица кои што го прележале ковид-19 без да бидат свесни за тоа, и колкава е бројката на оние коишто имаат антитела во крвта како одговор на болеста.

Во Словенија денеска има пет нови случаи на инфекција со коронавирус, а три лица починале.
Вкупниот број заразени досега е 1.335 пациенти, а бројот на починати се зголеми на 77.