Словенечката влада одлучува за нови мерки за да го спречи ширењето на заразата

193

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени седум случаи на коронавирус од 1.222 тестови. Не се регистрирани нови смртни случаи, објави словенечката влада.

Во моментов има 55 активни случаи, а седум пациенти се лекуваат во болница.

Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 1.541, а тестирани се 95.387 лица. Бројот на смртни случаи е 109.

Минатата недела во Словенија се потврдени 25 нови случаи на коронавирус.

Претходно оваа недела бројот на нови случаи варираше. Најголем број, 13, беа потврдени во понеделникот, меѓу нив најмногу „увезени“ од епидемиолошки нестабилни земји во регионот.

Словенечката влада денеска ќе одлучува за можните нови мерки за да се спречи растот на нови случаи.