Скок на бројот на заразени во Црна Гора, во Србија 235 нови случаи

94

Во последните 24 часа во Црна Гора се идентификувани 73 новозаразени случаи од 494 направени тестови, соопшти денес тамошниот Институтот за јавно здравје.

Во пресекот од вчерашниот нема пријавени смртни случаи.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни во Црна Гора е 64, а од почетокот на годината 73.

Пријавено е закрепнување на 72 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи во земјата во моментов изнесува 1.105.

Во Србија пак во последните 24 часа се регистрирани 235 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починале четири лица.

Хоспитализирани се 143 лица, од кои 78 се на респиратор.