Сите функционери од хрватското Министерство за наука и образование мораат во изолација

52

Сите функционери на хрватското Министерство за наука и образование, предводени од министерката Блаженка Дивјак, добија упатства од епидемиолозите денес да се изолираат и да се тестираат за вирусот Ковид-19, откако беше откриено дека државниот секретар од Министерството е позитивен за вирусот.

Во соопштението на Министерството се вели дека министерката Дивјак ја добила оваа инструкција во консултација со епидемиолозите, како и со сите функционери на Министерството, откако државниот секретар Ивана Франшиќ откри дека е позитивна.

Хрватските медиуми објавија дека Франсиќ била на свадба во Задар, по што не била тестирана, а по враќањето во Загреб, учествувала на колегиум во Министерството и на други состаноци.