Протест на средношколците во Атина – „Под маските имаме глас“

47

Во центарот на Атина утрово се одржа протест на средношколци.

Нивните главни барања се спроведување на сите потребни мерки за безбедност на учениците и наставниците во училиштата, вклучително одделенијата од по 15 ученици, пренесе АНА.

Главниот слоган на демонстрантите беше „Под маските имаме глас, образование и здравје за секој ученик“.

Тие се собраа кај Пропилеј, а потоа тргнаа кон зградата на парламентот.

Сообраќајот во центарот на Атина беше во прекин.