Продолжува забраната за влез во Хрватска до 30 септември

106

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита ја продолжи одлуката за привремена забрана на граничните премини, па постојниот режим што го воведе по локдаунот во средината на јули е продолжен до 30 септември.

Главниот штаб донесе Одлука за изменување на одлуката за привремена забрана за преминување на граничните премини на Република Хрватска, со што се менува нејзиното траење до 30 септември. Ограничениот режим на преминување на хрватските гранични премини главно се однесува на државјани на трети земји, додека граѓаните на Европската Унија и земјите од Шенген имаат слободен премин.

Неколку категории странски државјани, односно лица кои немаат државјанство на Европската Унија, можат да ја преминат границата, а тие можат да го проверат статусот и условите за преминување на границата на веб-страницата на хрватското Министерство за внатрешни работи.