Полициски час во Словенија

211

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус.

Владата на Словенија синоќа прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи денеска изјави дека од утре се воведува полициски час, кој ќе трае од 21 часот навечер до 6 часот наутро.

– Во последните 24 часа се регистрирани 537 нови случаи на коронавирус во Словенија, а две лица починале. Тестирани се 2.637 лица, од кои 537 или 20,4 проценти биле позитивни на вирусот – објави денеска Националниот институт за јавно здравје.

Во болница има 289 лица, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.

Се очекува вечерва претседателот Борут Пахор да им се обрати на граѓаните.