Фото: Пиксабеј

Новиот сој на корона вирусот, омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација, која првпат ја објави „Јутарњи лист“ во петокот, ја потврдија и во Институтот Руѓер Бошковиќ преку кусо соопштение. Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.
Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора. Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
-Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението од институтот.
Едно лице заразено со нов вид на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември.