Нови 134 случаи на ковид-19 во Бугарија

67

Во Бугарија се потврдени уште 134 нови случаи на ковид-19, што е 61 помалку од претходниот ден, соопшти министерството за здравство.

Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 13.343, вклучително 749 медицински работници.

Од коронавирус починаа уште тројца луѓе, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 445.