Најголем број новозаболени во Грција од април

133

Во Грција денеска е потврден 121 нов случај на коронавирус, што е најголем дневен број на нови случаи од 22 април.

Од 121 нов случај, пет се регистрирани на копнените и воздушните влезни точки во земјата, додека 26 се регистрирани во регионот на Атика, а 47 во Солун, пренесе агенцијата АНА.

Вкупниот број на заболени од коронавирус во Грција е 4.885, а бројот на починати е 209.