Маските на отворено од денеска се задолжителни во Бугарија

94

Од денес, носењето заштитна маска на отворено станува задолжително во Бугарија, во случај на гужва и неможност за одржување на физичка дистанца.

Клиентите во рестораните и кафулињата и спортистите на отворено ќе можат да седат без маска. Исклучокот важи и за учесниците на настани на конгреси и конференции за време на нивните говори, како и за водителите и гостите во ТВ-емисиите.

Децата до 6 години исто така можат да бидат без маски, пренесе БГНЕС.