Македонија додадена на листата на земји чии граѓани можат да патуваат во Црна Гора

451

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа по предлог на Институтот за јавно здравје одлучи дека од 1 јуни ќе биде дозволен влезот на странци во Црна Гора, и тоа без карантин и самоизолација, доколку стапката на активни случаи на коронавирус е помала од 25 на 100.000 жители во државата од каде што доаѓа странецот.

Во овој момент, на листата која еднаш неделно ќе се ажурира и беше дополнета вчера се наоѓаат Словенија, Исланд, Хрватска, Словачка, Швајцарија, Албанија, Австрија, Норвешка, Монако, Косово, Германија, Грција, Унгарија, Данска, Литванија, Лeтонија, Азербејџан, Луксембург, БиХ, Бугарија, Израел, Македонија, Ирска, Чешка, Финска и Естонија.

Првично Македонија, БиХ и Србија не беа на списокот, а Србија не се наоѓа и на новата листа.