Командантот на црногорската воена морнарица поднесе оставка откако ги прекршил мерките за самоизолација

39

Командантот на Морнарицата на армијата на Црна Гора, Веско Томановиќ (46) од Бар вчера поднел оставка на функцијата откако полицијата му поднесе кривична пријава и го спровела во карантин затоа што не ги почитувал мерките за самоизолација против ширењето на ковид-19, пренесуваат црногорски „Вијести“.

Томановиќ за тоа, наводно, го информирал началникот на Генералштабот на армијата на Црна Гора, Драгутин Дакиќ, откако медиумите во вторникот објавија дека министерот Предраг Бошковиќ имал намера да иницира смена на командантот на морнарицата.

Ова завчера неофицијално беше потврдено од Министерството за одбрана откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Томановиќ додека пазарел во една продавница во Бар иако неговото име е меѓу оние кои мора да се придржуваат на мерките за самоизолација.

Управата на црноготската полиција соопшто дека Томановиќ ќе биде процесуиран.