Како се бори Европа со ковид-19?

288

Како што бројките на заболени и починати лица од коронавирусот секојдневно се менуваат, односно растат, така и секоја од европските земји, на дневна основа, реагира со различни, нови и поригорозни препораки и мерки за заштита на населението

Како што бројките на заболени и починати лица секојдневно се менуваат, односно растат, така и секоја од европските земји презема различни, нови и поригорозни препораки и мерки за заштита на населението.
Еве какви мерки се превземени во некои од европските држави.

Албанија
– Сите училишта се затворени до 3 април, забранети се масовни собири, ноќните клубови и спортските сали се затворени, затворени се баровите, рестораните и клубовите во Тирана и во Драч.

Австрија
– Наставата во училиштата е прекината од почетокот на 16 март, но родителите што работат ќе имаат можност да ги остават децата под туѓ надзор, забранети се настани со повеќе од 100 лица во затворено, како и настани на отворено со повеќе од 500 лица.

Босна и Херцеговина
– Сите училишта и универзитети се затворени во српскиот регион.

Бугарија
– Забранети се собири на повеќе од 250 лица, спортските настани се суспендирани или се одржуваат без публика, суспендирани се часовите на Универзитетот во Софија.

Хрватска
– Училиштата во Истра се затворени, а најавено е дека од понеделник ќе бидат затворени и училиштата во целата земја. Некои фудбалски натпревари се играат без публика.

Франција
– Училиштата се затворени на Корзика, забранети се посети во домови за пензионери.

Германија
– Настани со повеќе од 1.000 луѓе се забранети во повеќето држави, сите фудбалски натпревари во Бундес-лигата се одржуваат без публика, одобрена е финансиска помош за компаниите, чиј персонал работи со помал број часови.

Грција
– Сите училишта и универзитети се затворени од 25 март, затворени се спортските сали, кината, ноќните клубови и театрите.

Холандија
– Забрането е собирање на повеќе од 100 лица, откажани се фудбалските натпревари, концертите и универзитетските предавања. Затворени се Националната галерија и музејот „Ван Гог“.

Португалија
– Училиштата се затворени и забрането е собирање на јавни места во северните општини Фелгуеирас и Лусада, часовите се суспендирани во некои универзитети.

Србија
– Прекинати се воздушните патувања од сите земји погодени од вируси.
Словенија
– Сите училишта се затворени од 16 март.

Шпанија
– Училиштата, универзитетите и музеите се затворени во областа на Мадрид. Настани со повеќе од 1.000 лица се забранети во мадридскиот регион, делови на баскиската земја и Ла Риоха. Натпреварите во Ла Лига се суспендирани на две недели, а другите спортски натпревари се играат без публика. Прекинати се и парламентарните седници.

Швајцарија
– Затворени се девет секундарни гранични премини кон Италија. Затворени се училиштата, кината, ски-центрите и ноќните клубови во кантонот Тичино.
Обединето Кралство

Луѓето со постојана кашлица или треска се изолираат седум дена, можна е забрана за собирање на повеќе од 500 луѓе во Шкотска.