И Грција со рекорден број на новозаразени со ковид-19

106

Грчките власти синоќа соопштија дека во земјата има рекордни 935 нови случаи на заразени со ковид-19 за 24 часа.

Со тоа, вкупниот број е 29.992 заразени.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 564 смртни случаи. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.