За првпат од 9 март во Хрватска нема новозаразени од коронавирус

152

Во последните 24 часа, во Хрватска не се регистрирани нови случаи на инфекција со коронавирус. Ова е прв пат од 9 март да нема новозаразени лица во Хрватска.

Досега се тестирани 60.864 лица во Хрватска, од кои 953 во последните 24 часа. Вкупниот број на заразени до денес е 2.243. Во моментов на респиратор има 6 пациенти, а вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 99.

Препораките за свадби, концерти и фестивали ќе бидат објавени следната недела. Заклучно со 27 мај, предвидено е во затворени простории да се дозволат до 100 посетители и до 300 на отворено, а сè ќе зависи од епидемиолошката состојба. Од 30 мај се планираат натпревари на отворено без присуство на публиката.