За вакцинирање се пријавиле 51 пратеник во хрватскиот парламент

28

Една третина, односно 51 пратеник во хрватскиот Сабор се пријавиле за вакцинирање против ковид-19.

Пратениците ќе бидат вакцинирани во понеделник во 13 часот, објави „Индекс.хр“.

Според официјални податоци од парламентот, 36 од вкупно 151 пратеник веќе се заразиле со коронавирус, а 25 од нив биле во самоизолација, односно имале контакт со заболен.

Земајќи го предвид бројот на пратеници кои го прележале вирусот и бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, може да се заклучи дека повеќе од половина од пратениците ќе бидат заштитени од инфекција со коронавирус, пишува порталот.