Грчката полиција ги „чешла“ островите, има приведени и казнети

251

Грчката полиција во текот на викендот спроведе обемни патроли за почитување на превентивните епидемиолошки мерки на туристичките дестинации на островите Парос, Миконос, Санторини, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.

На Парос, инспекцијата посети ноќни клубови, од кои еден затвори во следните 15 дена, оти во него имало повеќе гости од дозволениот број. За клубот издадена е и казна од 3.000 евра, а пет лица се уапсени за бучава, пренесува грчката агенција АНА.

На Миконос бил уапсен италијански државјанин, кој организирал забава во куќа каде имало премногу луѓе. Полицијата провери дали девет барови на плажа и 17 барови и клубови се придржуваат кон пропишаните мерки. Две лица биле уапсени на Миконос затоа што немале дозвола да постават лежалки на плажа, а уште шест лица за создавање бучава.

Три лица се приведени на Санторини, исто така за нарушување на јавниот ред и мир, а инспекцијата извршила увид во седум барови и клубови.