Грција ги отвора плажите

135

Откако започна да ги олеснува рестриктивните мерки на 4 мај, Грција утре ќе отвори 515 плажи за да се подготви за туристичката сезона за време на пандемијата на коронавирус.

Голем број на рестриктивни мерки ќе се применуваат на плажите.

Поради препораката за физичка дистанца, на 1.000 квадратни метри ќе бидат дозволени 40 посетители, забрането ќе биде служење алкохол, како спортски активности.

Растојанието помеѓу чадорите ќе биде четири метри, нема да има маси во рестораните и баровите, но гостите ќе можат да купуваат храна и пијалоци од шанковите и да ги консумираат на нивните лежалки.